Пејачката Лепа Брена периодов има големи причини за славење. Наскоро ја очекуваат два концерти во „Штарк Арена“, а следната година ќе го добие своето прво внуче.
Во март, Александра Пријовиќ и посинокот на Брена, Филип Живојиновиќ ќе станат родители на своето прво дете односно син.
Во интервју за „Блиц“, Брена прозбори за своето прво внуче, но откри какви деца биле Виктор и Стефан.
„На децата не им пеев песни за спиење, туку им читав приказни. Виктор обожаваше да му ја раскажувам „Црвенкапа“. Бидејќи беше хиперактивен, јас еднаш ќе му ја раскажам, тој бараше повторно да му ја раскажам. Па, по пет му ја раскажував, а тој и понатаму не спие. Им раскажувавме убави приказни и така ги заспивавме. Стефан сакаше да гледа цртани. Виктор сакаше да гледа Формула 1. Тоа ме полудуваше. Јас ќе го намалам тонот, тој го попушта. Верувам дека сите мајки имаме такви бисери. А за внучето ако треба ќе научам песни за спиење. Јас сум тука за своите деца и за внуците кога ќе им требам“ вели пејачката.
Инаку, постариот син на Лепа Брена, Стефан Живојиновиќ тргна по стапките на неговата мајка и започна музичка кариера.