Радио Милева скандалозно

Лепа Брена на несекојдневен начин му го честиташе роденденот на Саша Поповиќ (фото)

Лепа Брена на несекојдневен начин му го честиташе роденденот на Саша Поповиќ (фото)

Лепа Брена на социјалната мрежа Инстаграм му го честиташе роденденот на Саша Поповиќ со несекојдневна слика на која тие двајца се прикажани како ликови од Симпсонови.

На сликата Лепа Брена го јава Поповиќ, исто како што и самата пејачка своевремено му направила на својот пријател и колега од бендот на еден свој настап.

– Додека Брена ме јаваше, јас заработував – изјави еднаш Саша Поповиќ.

Имено, додека пееше со Саша Поповиќ и „Слатки грех“, Брена често се качуваше на рамениците на својот колега.

– Во тоа време беше толку скандалозно што му се качував на рамениците на Саша Поповиќ и тој ме креваше, што подоцна го правивме тоа од инает за да се смееме на лажниот морал што тогаш владееше во нашата земја – раскажала еднаш Брена.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Лепа Брена

 

To top