Лепа Брена неодамна се врати од одмор каде што беше заедно со своето семејство, а сега во интервју за блиц.рс откри како си поминала на одморот, кои се нејзините идни планови, но и што планира за следната година.
На прашањето дали некогаш се чувствува изморено од Лепа Брена, таа вели:
„Да. Тогаш не сакам ни да ја видам, ни да ја слушнам, сакам да одам на годишен одмор и да не размислувам за работа. Сакам да се рестартирам и да заборавам на концертите, костиме, пробите. Затоа што во оваа работа за да бидете многу добри, не е важно дали имате 25, 35 или 59 години. Важно е да бидете квалитетни, а квалитетот е нешто што денес ги дава вистинските резултати“ изјави Лепа Брена која неодамна се врати од одмор.
Во последно време многу се зборува и за продажбата на „Гранд“, а фолк дивата сега првпат проговори на оваа тема.
„Ѕвездите на Гранд“ продолжуваат нормално да функционираат. Продажбата на фирмата нема да влијае на програмата, ниту пак на програмската шема. Сите продолжуваат да работат како ние да сме тука. Ќе работиме нешто друго, а секогаш ја имам и Лепа Брена со која работам цел живот“ вели пејачката која не планира да седи со скрстени раце туку има идеи за започнување на нов бизнис.
„Секако, како да не. Ќе има уште бизниси“ таинствено одговори Брена која не сакаше да открива за каков бизнис станува збор.
Иако често се зборува дека Брена го има последниот збор во нејзиниот дом, таа вели дека тоа не е така.
„Не, јас сум дипломат. Она што е најдобро за мене, тоа ќе го прифатам. Не е точно. Искрено да ви кажам, имаме еден феноменален распоред. Се знае што прават мажите, а што жените. Можеби дека сум премногу медиумски експонирана, па затоа тоа изгледа така. Сакам да им дадам предност на мажите, посебно кога се паметни и способни“ изјави Брена.