Лепа Брена и нејзината снаа Александра Пријовиќ повторно имале жолчна расправа околу организацијата на свадбата која е закажана на 21 јуни, пренесуваат српските медиуми.
Извори за медиумите велат дека двете ја почнале караницата околу списокот на гости и нивното сместување во салата каде ќе се одржи веселбата.
Пријовиќ сакала нејзиното и друштвото на Филип да бидат поблиску до музиката, на што Брена се навредила.
-Со оглед на тоа дека остана уште месец и половина до свадбата, Александра и Брена постојано се консултираат околу сите детали поврзани со свадбата. Бидејќи мислењата не им се поклопуваат, пејачките се случува да не зборуваат и по неколку дена. Овој пат причина за расправијата бил распоредот на седење на гостите. Пријовиќ барала нивното друштво да седи што поблиску до музиката бидејќи биле млади и повеќе ќе се веселеле, а притоа и објаснила на Брена дека тоа е вообичаено на свадбените прослави, открива извор близок во семејството Живојиновиќ.
Изворот додал и дека Брена веднаш почнала да се лути и да коментира дека прв пат слуша за тоа дека младите треба да седат поблиску до музиката.
-Брена смета дека сите подеднакво се веселат, како и дека не е убаво постарите генерации да седат подалеку од музиката заоа што младите сакале да дивеат со гласна музика и алкохол. Брена предложила дека дека не треба да биде важно кој каде ќе седи, туку да се спојат на иста маса луѓето кои се знаат и приватно. По кусо несогласување, двете престанале со комуникација, а Александра го известила Филип за расправијата, но на него му беше смешно за што тие две се караат, наведува изворот.