Бранислав Мијатовиќ Мија, познатиот музичар и еден од основачите на „Слатки грех“, почина по тешко и долго боледување.
По распаѓањето на „Слатки грех“, Мија заедно со својот кум Зоран продоложи да работи со бендот кој иако имаше различен состав не го промени името и остана „Слатки грех“.
Лепа Брена и Саша Поповиќ се простија од нивниот колега и пријател.
Саша истакна дека Мија бил одличен музичар и голем човек.
„Мија во „Слатки грех“ дојде во 1977 година и настапувавме заедно до 1993 година. Многу работи заедно доживеавме, поминавме, направивме…Тешки ми е да зборувам за него во минато време, се сеќавам дека вака се чувствував кога не напушти и Бора. Мија беше одличен музичар и прекрасен човек, ова е голем губиток за неговото семејство, за сите кои го сакавме и почитувавме“ вели Поповиќ за курир.рс
И Лепа Брена се прости од својот колега.
„Последен поздрав на мојот драг Мија, човекот кој со својата енергија, љубов кон музиката даде придонес за наш заеднички успех во музиката, а со својата добра енергија помогна сите да уживаме во заедничка соработка. Почивај во мир драги Мијо и се надевам дека сега си на подобро место каде владее љубов и хармонија. Последен поздрав, Брена.