Славниот режисер Станко Црнобња, кој претходно соработуваше со Брена на нејзините филмови „Ајде да сакаме“, бил гостин на утринската програма на „Прва телевизија“ каде случајно ја открил долго чуваната тајна на Брена.
Отсекогаш се шпекулираше дека фолк ѕвездата била во врска со Саша Поповиќ, кој во тоа време бил фронтмен на нивната група „Слатки грех“, а Црнобња несакајќи го потврдил ова, зборувајќи за феноменот на Брена и Југославија.
„Не заборавајте дека Брена потекнува од патријархално муслиманско семејство. Отишла во Нови Сад и стапила во деловни односи и љубовна врска со син на свештеник во Православната црква ( мислејќи на Саша Поповиќ).
Ова нормално можеше да се случи само во времето на Југославија и од тоа се роди деловна соработка што ја бараше Југославија како пазар. Таа генерација беше во можност тоа да го разбере, да го поврзе и да им го претстави својот талент на луѓето“ – вака режисерот го започнал своето излагање без да сфати дека кажал нешто што дотогаш било јавна тајна.
И дотогаш се шпекулирало дека двајцата ги делеле своите емоции во златното доба на нивната група „Слатки грех“, кое траеше додека Брена не се запозна со Боба Живојиновиќ.
„Да бидам јасен, да не беше за Брена, ниту јас не би постоел. Сепак, да не беше со мене, Боба никогаш немаше да се забавува со Брена, туку се уште ќе гледаше во Лејди Ди“ – открил во една пригода Саша, додека Брена неколку пати ги коментирала релациите во “Слатки грех“ за време на нивната кариера.
Инаку, Брена и Саша останаа во добри односи по распадот и на групата и на нивната врска. Последното појавување на „Слатки грех“ се случи во 1994 година на Ташмајдан. После тоа, тие се повлекоа од јавната сцена, а Брена и Саша почнаа да соработуваат во „Гранд“ неколку години подоцна.
Тие бескрајно се почитуваат, дружат, но и станаа кумови откако Брена му стана сведок на венчавката на Поповиќ со пејачката Сузана Јовановиќ. И тоа кумство имаше среќа, исто како што и двајцата имаа успех во заедничко вложување во „Гранд“.
Очигледно, како тандем, тие беа успешни, а таа младешка романса беше само совршена отскочна даска за сите убави работи што животот им ги донесе подоцна.