Саша Поповиќ и Лепа Брена вчера во еден белградски ресторан славеа за продажбата на „Гранд“.
На забавата присуствуваа нивните пријатели, колеги од естрадата, како и сопругот на Лепа Брена, Боба Живојиновиќ, така и сопругата на Саша Поповиќ, Сузана Јовановиќ.
Како што се шпекулираше пред неколку месеци, Брена и Боба го продале Гранд за 30 милиони евра, но поради ситуацијата со коронавирусот не можеле да прослават.
На журката присуствуваа и водителката Сања Кужет, Воја Недељковиќ, Драгана Катиќ, Ана Бекута, Милица Тодоровиќ, Стеван Анѓелковиќ, Марија Шерифовиќ, Џејла Рамовиќ и многу други.
Тие исто така прославија и успешно завршена 14та сезона на „Ѕвездите на Гранд“.
Во еден момент Брена се фати за микрофонот да пее, а нејзиниот сопруг Боба ги киташе музичарите.
Како изгледа прославата погледнете тука.
View this post on Instagram