Радио Милева
гала свадба

Лепа Брена и Бобо го женат синот: Познато кога ќе биде свадба на Виктор и Сандра, а еве и колку гости ќе има

Лепа Брена и Бобо го женат синот: Познато кога ќе биде свадба на Виктор и Сандра, а еве и колку гости ќе има
фото: ало/инстаграм

Најмладиот син на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ реши да се жени, но поради ситуацијата со коронавирусот ќе мора да ја одложи свадбата.

Тој може и сега да се венча со Сандра Миљковиќ, но младиот Живојиновиќ не сака интимна венчавка, туку гала свадба.

Иако планирале оваа пролет да направат голема свадбена веселба, тие ќе мора да почекаат до мај следната година.

фото: масанори јошида

Брена и Боба се согласуваат со нивната одлука бидејќи и тие имаат многу пријатели кои сакаат да ги поканат, а веруваат и дека дотогаш ќе заврши целата ситуација со коронавирусот.

„Планираме гала свадба со 500 гости. Не има многу Живојиновиќ, така да ќе мора да бараме некој голем простор на отворено. Нема да правиме свадба се додека не смири ситуацијата со коронавирусот. На Сандра и мене не ни пречи да чекаме, ние се однесуваме како да сме во брак“, изјави Виктор за медиумите.


Тој откри како Сандра ја прифатиле во неговото семејство.

„Сандра ми е поддршка во се’. Семејството е воодушевено со мојот избор и имаат само пофални зборови. Убаво е кога ќе пронајдеш личност која ти одговара во се“, вели Виктор.

Наводно, Брена и Боба одлучиле да го „одврзат ќесето“ за свадбата на наследникот. Нема да штедат ниту на еден детаљ. Свекрвата Брена сака гламурозна свадба како кога се мажеше посинкот Филип со Александра.

Останати вести од Радио Милева