Пред 17 години Срџан Ѓоковиќ ги прашал Лепа Брена и Бобо Живојиновиќ да инвестираат 500 000 евра во тогаш 15 годишниот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Брена и Бобо процениле дека тоа ќе бидат фрлени пари и не прифатиле.
Ако прифатиле и договориле договор на 10 години, сега на нивната сметка ќе имале 36 пати повеќе пари односно 18 милиони долари.
„Боба го одби Срџан. Изјави дека Новак е добар тенисер, дека може многу да постигне, но дека има болно срце и дека неговиот татко е тежок за соработка.Да вложија во него, ќе имаа 15% од секоја негова награда или спонзорирани договори, односно за 10 години ќе имаа 18 милиони евра“ вели за „Стар“ добро известен извор.
И тогаш таткото на Ноле често зборувал дека барале пари за неговата кариера.
„Бараме спонзор со кого ќе потпишеме договор, а тоа се прави светот во последните 20- 30 години. Бараме луѓе кои ќе инвенстираат во Ноле, а да имаат процент кога тој ќе стане играч и направи резултатити од соработката“ вели Срџан.
Новак Ѓоковиќ денес важи за најдобар тенисер во светот, а пред некое време повторно освои титула на Вимблодон.