Вчера, 20 октомври 2020 година, најголемата балканска фолк дива Лепа Брена славеше роденден. И тоа не било кој, туку оној, јубилејниот 60-ти роденден, а од раните зори пристигнуваа честитки од сите страни.
Саша Поповиќ прв и честиташе кога таа сврати во неговата канцеларија во „Гранд продукција“, но честитките на нејзините снаи на Инстаграм, очигледно најмногу ја трогнаа.
Девојката на нејзиниот помлад син Виктор, Сандра, ги сподели нивните заеднички фотографии на Инстаграм и и’ упати прекрасни зборови на својата свекрва.
„Да ја имате таа ведрина и весела насмевка на лицето засекогаш како дете“, напиша Сандра Миљаковиќ, а многумина забележаа дека таа се’ уште ја персира Брена.
Александра Пријовиќ пак, официјалната снаа на Брена за нејзиниот посинок Филип, исто така и го честиташе роденденот на Инстаграм со заедничка фотографија.
Снашките, онаа фицијалната и оваа – потенцијалната, како потајно да се натпреваруваа меѓу себе која поубаво ќе и го честита роденденот на Брена, што многумина го протолкуваа како своевиден натпревар која повеќе ќе и се приближи и ќе и стане поблиска на славната и богата свекрва.
Дали тоа значи дека и борбата за „пол позиција“ за наследство на имотот на Боба и Брена, веќе започна?