Радио Милева

Драма на одморот на семејството Живојиновиќ: На Стефан му се изгубил секој траг, па Брена помислила на најлошото

Драма на одморот на семејството Живојиновиќ: На Стефан му се изгубил секој траг, па Брена помислила на најлошото

Лепа Брена неодамна се врати од одморот со своето семејство кој традиционално го организираат секоја година.

Брена заедно со Боба, Александра, Филип, внучето Александар и Виктор прво беа на Малдивите. На нив не им се придружил Стефан бидејќи имал закажан настап за Стара нова година, меѓутоа тој на семејството требало да им се приклучи два дена по настапот.

фото: Принтскрин

Младиот Стефан и се јавил на Брена да и каже дека тргнува од Белград за Дубаи, а дека отаму ќе им се придружи на Малдивите.

Меѓутоа, младиот пејач одлучил да остане во Дубаи заедно со неколку пријатели кои живеат таму. Но, Стефан не ја известил Брена за својата одлука, па пејачката се исплашила и помислила дека го киднапирале како пред 20 години.

„На почетокот на оваа година, Живојиновиќ одмараа на две дестинации. Прво уживаа на Тајланд, а потоа остатокот од времето го поминаа на Малдивите. Единствено Стефан не беше со нив во Азија бидејќи имаше настап. Договорот беше два дена по настпот да оди на Малдивите, но се променија плановите, а Стефан ја извести Брена дека тргнува од Белград и оттогаш му се губи секој траг“ вели изворот за курир.рс и додава:

фото: Дамир Дервишагиќ

„Кога седна во авионот, тој и се јави на Брена, и кажа дека слетува во Дубаи и дека ќе се видат за еден ден. Меѓутоа, кога Стефан слета во Дубаи му се изгуби секој траг. Тој го исклучил мобилниот телефон, на никој не се јавуваше, ниту враќаше на пораки. Брена прво помисли дека нема батерија на телефонот, но кога виде дека не се јавува пет часа, почна да паничи“ вели изворот.

фото: Немања Николиќ

„Никако не можеше да се смири и замислуваше најголеми сценарија. Помисли на киднапирањето и му кажа на Боба дека сака да го прекине одморот и дека сака случајот да го пријави во полиција“ вели изворот и објаснува дека потоа Стефан се јавил на Брена, а пејачката почнала да плаче од среќа.

To top