Радио Милева

Лепа Брена бесна: Кривично ќе ги гонам сторителите!

Лепа Брена бесна: Кривично ќе ги гонам сторителите!

Една од најпопуларните српски пејачки ќе направи се за да дознае кој стои зад делото кое ја извади од кожа.

Фолк ѕвездата е подготвена да се соочи со хакерите  кои накратко и го блокираа профилот на социјалните мрежи Твитер и Инстаграм.

Таа против сторителите ќе поднесе кривична пријава, дознава српски „Блиц“. Брена исто така ги потврди овие сознанија.

-Секако дека ќе поднесам пријава. Кражбата на лични податоци е кривично дело. Навикнав на шок ситуации. Се обратив до надлежните органи во Белград и до мојата екипа од „Гранд“ тоа да го решат, изјавува Брена за српски „Блиц“.

фото:Zoran Lončarević

To top