Пејачката Лепа Брена наводно има таен бизнис во Нови Сад.
Поранешната газдарица на Гранд. Лепа Брена во 1993 година отворила киоск за брза храна во кој се продаваат плескавици .
Како што се наведува, по продажбата на продуцентската куќа таа одлучила да се реализира и во оваа работа.
-Иако сите знаат дека Брена ја продаде „Гранд продукција“ ретко кој знае дека таа има и друг бизнис на кој одлучи сега да се посвети. Полни 29 години има локал во Нови Сад во кој се продаваат плескавици и брза храна, вели извор близок на пејачката.
Инаку, Брена неодамна откри дека започнала со нов бизнис кој се однесува најмногу на жени и како што истакна на пролет ќе го презентира во јавност.
фото: Никола Томиќ