Актерот Леонардо Ди Каприо (45) на неговата јахта „Marina del Rey“ и приреди роденденско изненадување на својата девојка Камила Морен (23).
Имено, актерот на својата сакана и приреди прослава на луксузната јахта која е долга 43 метри. На забавата имаше многу гости, а тие испловија од Лос Анџелес до Малибу.

На забавата имаше и доста познати личности, меѓу кои и Актерката Нина Добрев, олимпискиот сноубордер Шон Вајт и актерите Кевин Коноли и Лукас Хас. Поради пандемијата со корона, некои од гостите биле забележани со маска на лицето.

Манекенката и актерот се во врска од декември 2017 година.