Светски популарната рок ѕвезда Лени Кравиц, денес 3-ти мај, ќе го одржи својот концерт во ВИП Арена „Борис Трајковски“. Имено, два дена пред голмиот музички спектакал кој е во рамките на неговата европска турнеја по повод излегувањето на новиот албум „Raise Vibration“, Лени порано пристигна во Македонија.
Дека е ѕвезда која сјае најсилно, постојано докажува, не само со музиката што ја пласира, туку и со својот карактер, непосредност, приземност, скроменост во стилот на однесувањето… А добро знаеме дека ретко која мега популарна ѕвезда го има тоа.
Лени на изненадување на сите, не е од оние ѕвезди кои седат затворени во луксузните хотелски апартмани и имаат необични барања, тој е сè, само тоа не.
Својата големина ја покажа и пред македонската публика, но и пред целиот свет објавувајќи видео на својот официјален Инстаграм профил шетајќи се низ центарот на Скопје.
„Скопје, Македонија, Стара чаршија. Најубав ден и средби со прекрасни луѓе“. –го опиша видеото славниот министер за рокенрол.
Бидејќи рокенролот е музика на слободата, таков беше и тој, а со својата автентичност и оригиналност ги воодушеви сите оние кои ја и имаа среќата да го сретнат, да се фотографираат за спомен и поразговараат со него.
Лени заедно со двајца челнови од неговиот бенд прошета низ Старата скопска чаршија, а потоа и на плоштадот. Прегратка, разговор, фотографија и автограм имаше за сите. Седна на земја за да ужива во звуците на уличните свирачи, а за фитбекот кој го доби напиша дека во случајот тој е благословениот.
Инаку, Лени Кравиц по вторпат доаѓа во Македонија, во 2008 година имаше концерт на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.
View this post on Instagram
Skopje, Macedonia. Old Bazaar. The most wonderful day meeting beautiful people. #heretolove