Македонците дефинитивно ја владеат сцената во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“.
Откако познатиот пејач од Струмица Горан Кукиќ победи во првата сезона, сега во најновата сезона и неговата сопруга, пејачката Ленче Кукиќ реши на целиот регион да им покаже колку е талентирано целото семејство.
Па така, освен Ленче на сцената се појави и нивниот син Иван, кој инаку ги наследил гените од мама и тато, музички е образован, а освен што свири бас, тој покажа дека има перфектен вокал.
Во жирито овој пат беа Жељко Јоксимовиќ и неговата сопруга, водителката Јована кои беа воодушевени од она што го видоа и слушнаа од семејството Кукиќ.
Оваа сезона во „Никогаш не е доцна“ повторно има повеќе Македонци, но публиката веќе сериозно навива за Ленче.
Зошто е тоа така, погледнете од видеото во продолжение:
фото/видео:принтскрин фејсбук,you tube