Веста дека на пејачката Кија Коцкар и се слошило и дека се онесвестила покрај автомобилот во гаражата каде ја нашле и ја однеле во болница да и` укажат лекарска помош, ја разбранува јавноста и ги загрижи нејзините фанови.
Зборувајќи со hello.rs Кија раскажа што всушност се случило тој ден, како се чувствува, но и кога ќе се врати на активниот деловен и приватен живот.
– Имав голем здравствен проблем. Ме најдоа без свест покрај автомобилот во гаражата. Колабирав од физичка болка – започнува Кија и додава:
View this post on Instagram
-Притисокот ми скокна, а кога по вторпат ми измерија, буквално се споија горниот и долниот. Докторите сè уште не знаат точно што не е во ред со мене. Се сомневаат во песок во бубрезите, но најверојатно тоа е стрес поради се што ми се случи во претходниот период.
Коцкар вели дека била многу исплашена, дека цел живот и поминал низ глава и дека буквално мислела дека ќе умре.
– Животот ми помина пред очи. Мислев на мајка ми, дека ќе умрам. Во оваа ситуација сè ме погодува, сама сум и станав многу поемотивна, претпоставувам дека тоа доаѓа со годините, но не сакам да патам – вели пејачката.
Кија рече дека лекарите ја советувале да мирува и да ја следи ситуацијата.
– Два дена се чувствувам лошо. Притисокот се уште скока, а според советите на докторот морам да се смирам и да ја следам целата ситуација бидејќи се уште не ми е препишана терапија. Не можев ни да возам сама, а сега другарка ми ми помага околу работите што ми требаат за дома.
View this post on Instagram
Иако била исплашена, Кија заклучува дека ова пред се е предупредување дека мора да забави и да се посвети на своето здравје.
– Ќе бидам добро, ќе одморам во следниот период и морам повеќе да се посветам на себе и на моето здравје. Имав многу обврски во претходниот период, се оптоварував со се и сешто, а здравјето го запоставив. Во контакт сум со докторот, се грижам за исхраната, го гледам притисокот и одмарам. Ќе си легнам, ќе одморам неколку дена, се ќе биде добро. Наскоро ме чека турнеја со Лукас – го заврши интервјуто Кија за Ало.
фото:Инстаграм