Радио Милева

Лејди Гага прошета со новото момче ама и со вишокот килограми кои кипат од хеланките (фото)

Лејди Гага прошета со новото момче ама и со вишокот килограми кои кипат од хеланките (фото)

Откако го сними филмот „Ѕвездата е родена“, популарноста на Лејди Гага дополнително порасна. Папараците ја следат во секој чекор, а особено сега откако има ново момче.

Лејди Гага (34) ги зачудела минувачите во саботата со својот изглед, додека шетала со момчето Мајкл Полански (42).

Пејачката и претприемач забележана била во кварт во Холивуд, Лос Анџелес со кафе кое што го држела во своите раце.

Додека Мајкл бил облечен во секојдневна комбинација облека, Лејди Гага изненадила со своето издание.

Пејачката облекла црни хеланки, кои што биле делумно мрежести и проѕирни, облекла патики, но нејзиниот горен дел предизвикал чудење.

фото:профимедиа

Имено, таа на себе носела градник, а нејзиниот стомак малку излегувал над хеланките.
Гага така покажал дека не ѝ недостасува самодоверба, иако се опуштила со вежбањето. Пејачката и нејзиното момче носеле заштитни маски за лице придржувајќи ги правилата за сигурност поради коронавирусот, а во еден момент се прегрнале.

фото:профимедиа

Гага претходно ја критикувале поради нејзините дневни комбинации кои што премногу откривале. Јавноста често го коментира нејзиниот вишок килограми кој што малку повеќе се забележува во таквите нејзини дневни комбинации на облека.

To top