Мегафон

„Леб и Сол“ со концерт во Антички театар – Охрид

„Леб и Сол“ со концерт во Антички театар – Охрид

Најголемиот рок бенд на сите времиња во Македонија, легендарните „Леб и Сол“, на 5-ти август во Античкиот Театар во Охрид, ќе оддржат целовечерен концерт што дефинитивно покрај фестивалот „Охридско Лето“, претставува најголем културен  настан ова лето во Охрид. 

После фантастичната балканска турнеја, „Леб и Сол“ пред домашната публика ќе се претстават со најдоброто од нивната долгогодишна кариера, а ако се земе во предвид и преубавиот простор, имаме гаранција дека сите фанови ги очекува една прекрасна вечер за уживање во секој поглед. 

Влезниците  се веќе во продажба преку www.kupikartizase.com

To top