Битолскиот бенд „Фолтин“ го претстави својот нов сингл насловен „Лава лава“, кој стигна заедно со интересно видео изработено од Владимир Лукаш и Жарко Иванов.Песната е снимана во периодот од 2016 и 2017 година од страна на Гоце Јованоски, а миксот и мастерингот ги направи Ивица Јанкуловски – Штраф во студиото „Алшар“.
Фолтин, кои сè уште го прославуваат својот 20 годишен јубилеј од нивното постоење, имаа доста плодна година исполнета со настапи, работа на музика за филм, театар и документарци, вклучувајќи го и несудениот кандидат за оскар, филмот „Со љубов“. Освен „Лава лава“, наскоро се очекуваат и уште неколку синглови како материјал за следниот албум.