Оваа девојка има само 16 години, а зад себе веќе има неколку одлични песни со видеоспотови, како и настапи на неколку музички фестивали во земјата.
Музичките критичари и предвидуваат блескава кариера ако продолжи со истото темпо, бидејќи нејзиниот талент за пеење е нешто што ќе ве освои на прва.
Младата Лара Иванова по одличната „Полудена по тебе“, овојпат со уште една нова модерна песна. Нејзиниот наслов е „Некогаш ќе помине“.
Музиката и аранжманот се дело на композиторот Иле Спасев, додека пак текстот е на Робин Зимбaков.
„Мислам дека ова е мојата најдобра песна досега. Не дека е моја, но мислам дека не сум слушнала нешто подобро во последно време и поради тоа сакам да им се заблагодарам на Иле и на Робин. Моите најблиски пријатели ја слушнаа уште пред неколку дена и нивната реакција многу ме израдува. Верувам дека така ќе реагира и публиката кога ќе ја слушне песната“ – вели Лара.
Инаку и за оваа песна Лара сними видеоспот, за кој задолжен беше Горан Симјаноски. Видеото се снимаше на неколку локации во Скопје, а во него младата Лара се појавува во креации на дизајнерката Ива Спасовска, Зои Блаж беше задолжена за шминката, а за фризурата се погрижи Social Hair Salon на Елена Николовска.
„Задоволна сум од целата екипа. Прекрасни луѓе со кои дефинитивно ќе продолжам да работам и во иднина“ – ни изјави Лара, која премиерно го споделува со вас своето најново музичко остварување, „Некогаш ќе помине“: