Лице в Лице

Ламбе Алабакоски: „Со тоа што го направив не се прославив, но луѓето разбраа зошто тоа го сторив, за што и ден – денес добивам закани“ (ВИДЕО)

Ламбе Алабакоски: „Со тоа што го направив не се прославив, но луѓето разбраа зошто тоа го сторив, за што и ден – денес добивам закани“ (ВИДЕО)

Некогашното талентирано момче кое произлезе од музичкото натпреварување „Потрага по ѕвезди“ за кусо време и самиот се вивна меѓу нив. Ламбе Алабакоски беше пејач кого младите го обожаваа, имаше хитови, дуети, настапи… И кога сите очекуваа дека ќе го направи финалниот чекор да го освои музичкиот трон и суверено да завладее со него, тој направи еден друг, сосема неочекуван чекор.

Се ожени за Македонка која веќе живееше во Америка и заедно со неа замина за САД. оформи семејство, се родија дечиња, работеше и живееше преку големата бара се додека еден ден македонската јавност одново „прку ноќ“ не ја изненади со нова одлука – се вратил засекогаш во татковината.

Не помина долго, името на  пејачот од Љубојно одново се најде во фокусот на јавноста… Но, овој пат не заради песните и музиката, туку заради нешто сосема друго и неочекувано, нешто заради кое од многумина беше прогласен за „македонски патриот на д патриотите, современ гемиџија со храбро срце“, од некои други за пироман, откако ја запали вратата на бугарскиот клуб со фашистичко име во Битола.

За сите горливи теми и горчини, за животот во Америка и враќањето во Македонија, за патриотизмот и заканите, за музиката и заработувачката, очекувањата и разочарувањата, за сите животни премрежја и оние приватните и професионалните, Ламбе Алабакоски говори одговарајќи на прашања, седнат на „Жешко столче“ во  подкастот кај неговиот домаќин Никола Трпковски.

Што кажа и раскажа популарниот пејач, проследете од видеото подолу:

To top