Откако поминаа цели 17 години по триумфот на „M2 Play – потрага по ѕвезди и направи 7 години пауза од музиката, некогашниот македонски поп пејач Ламбе Алабакоски се враќа македонската естрадна сцена. Секако, откако претходно се врати во Македонија од САД, каде Ламбе семејството, односно сопругата Магдалена и синовите Михаил и Димитриј, живееше.
За својата одлука, тој говори во ексклузивното интервју за естрадниот магазин Бекстејџ. Деновиве за прв пат на сцената се појави на концертот во чест на Тоше Проески и Аки Рахимовски кој неодамна го одржа Камерниот оркестар со македонските пејачки ѕвезди во Битола.
Зошто Ламбе одлучи да се врати дома во Македонија, дали и кога повторно ќе почне да се занимава со музика, плнира ли нови песни, албум, настапи, со кого сега ќе сорботува, што исли за сегашната состојба на македонската музичка сцена, што е променето за овие години и како таа сега му се чини дека изгледа за разлика од порано…
Погледнете го интервјуто што некогашната „М2 ѕвезда“ го даде за „ТВ магазинот од зад сцената“: