Мегафон

„Лајбах“ со ексклузивен концерт во Скопје

„Лајбах“ со ексклузивен концерт во Скопје

 Фестивалот „Таксират“, во низата концертни настани со кои во 2018 година го одбележува своето 20. издание, ви го претставува концертот на култната словенечка група „Лајбах“ (Laibach), која пред македонската публика, на 27 март 2018 ќе го претставуви фантастичниот нов студиски албум „Also Sprach Zarathustra“! По три години, една од највлијателните групи од југословенските простори со убедливо најголем меѓународен успех, се враќа во Скопје и тоа првпат во МКЦ, на ексклузивен концерт со строго ограничен капацитет и во многу поинтимна атмосфера од било кога досега.

Скопскиот концерт на „Лајбах“ е во рамките на европската турнеја за „Also Sprach Zarathustra“, на која бендот изведува целосно нова концертна програма, песните од актуелниот албум, но и класиците од својот репертоар во нов аранжман, кои не ги изведувале со години.

Влезниците за овој концерт се достапни преку продажната мрежа на МК Тикетс и само во органичен број!

To top