Радио Милева

Кусо фустанче, мрежести чорапи, тенок струк… Ана Николиќ не преставува да слабее (фото)

Кусо фустанче, мрежести чорапи, тенок струк… Ана Николиќ не преставува да слабее (фото)

Пејачката Ана Николиќ драстично изгуби тежина во последните неколку месеци, а нејзините обожаватели едвај чекаа пејачката да се врати како порано, кога важеше за една од најжешките српски пејачки.

Бидејќи напорот се исплати и Ана ги отстрани десетиците килограми што ги стекна пред и по породувањето, кога на свет ја донесе ќерката Тара, сега може повторно да се пофали со тенки нозе и тесен струк, а тоа го покажа така што облече краток фустан и ги воодушеви сите колку слабее од ден на ден.

Секси Ана држеше цигара во раката, и позираше во мини фустанот споен со мрежести чорапи и чизми.

фото:инстаграм/ана николиќ

Комбинацијата ја заокружи со беж палто и чанта во иста боја и никој не можеше да го промаши длабокото деколте.

фото:инстаграм/ана николиќ

„Работата во тек…“, напиша Ана и доби многу комплименти за новиот изглед.

Таа јасно стави до знаење дека е повторно се враќа на голема врата, со оглед дека наскоро ќе објави нов сингл.

To top