За луксузната венчавка на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ се зборува со години. Многумина велат дека тоа била „свадба на деценијата“, а на нивниот брак му кумувал најбогатиот човек во светот на спортот.
Имено, поранешниот романски тенисер и хокеар Јон Цирјак денес има 80 години и богатството за кое сонуваат многумина. Во мај 2014 година, за време на големите поплавите што ја погодија Србија, тој донирал 100.000 евра за помош на загрозените подрачја и со тоа покажал колку ја сака оваа земја и колку е хуман.
Инаку Цирјак важи за најбогатиот спортист на сите времиња, чија заработка се проценува на 2 милијарди долари, со што воедно е и единствениот поранешен спортист кој стигнал до списокот милијардери, а со тоа е и најбогат човек од светот на спортот на сите времиња.
Во својата кариера, тенисерот Цирјак има 294 победи и 22 титули на парови и 167 победи и една титула во сингл.
Како професионален спортист Цирјак заработува неколку милиони долари, но две години по падот на Берлинскиот ѕид неговата состојба веќе се проценува на над 100 милиони долари. До 2000 година таа достигнува 500 милиони долари.
Во 2005 година богатството на Цирјак изнесува 900 милиони долари. Во 2007 година од Forbes го одредуваат Јон Цирјак како 840-тиот најбогат човек во светот со лично богатство од 1 милијарда долари.
Неговата состојба е точно два пати поголема од онаа на Мајкл Џордан, според Celebrity NetWorth. Кога Цирјак става крај на спортската кариера во 1980 година, тој веднаш станува тренер на Илие Настасе, а потоа тренира ѕвезди како Мери Џо Фернандез, Гилермо Виљас, Марат Сафин, Штефи Граф и Горан Иванишевиќ.
Во периодот 1984-1993 година Цирјак е во основата на успесите на Борис Бекер, кој стигнува до врвот во машкиот тенис. Од 1990 година, Цирјак се занимава со банкарство, трговија на мало, отвора автомобилски претставништва, авиокомпанија и осигурителна компанија.
Денес дел од неговите компании се Tiriac Holdings, TiriacAIR, UniCredit Tiriac Bank, Allianz-Tiriac Asigurari Romania, TiriacAuto, Tiriac Leasing и Tiriac Travel.
Во 1990 година Цирјак го создава Мадрид Опен, ака Мадрид Мастерс. Од тогаш турнирот се претвора во еден од најважните во светот на тенисот. Покрај сето друго, Цирјак е и квалификуван професионален пилот. Во 2013 година Цирјак беше примен во Салата на славните на тенисот.
Покрај бизнисот, кумот на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, Јон Цирјак имал и бурен приватен живот. Денес тој живее во Монте Карло со трите деца кои ги добил од бракот со жената за која се оженил, но самиот вели дека има уште 32 вонбрачни деца, а се грижи и за 300 напуштени сирачиња, за кои изградил мал приватен рај во Брашов.