По примерот на Италија, каде луѓето кои долго време се во домашен карантин поради пандемијата со коронавирусот, а излегоа на своите тераси да пеат, свират и оддалеку да добијат позитивни вибрации, така и кај нас се најде начин за нешто слично.
Изминатите четири дека поминаа во најдолниот полициски час за време на големиот христијански празник Велигден, но врмето не минуваше така брзо зад четири ѕида, па многумина најдоа начин за да си направат забава во дворовите или пак терасите од зградите.
Куманово е еден од најпогодените градови, а младата кумановска пејачка препознатлива како „Пинк ѕвездичка“, Мартија Стајојковиќ, се реши за време на празникот да им пее на соседите од тераса.
Таа буквално и одржа концерт, а во тоа и помогнаа мама и тато.
Соседите сигурно ова ќе го паметат уште долго, а како звучеше и изгледаше Мартија на домашниот концерт од тераса кој имаше и реприза, погледнете во продолжение: