Радио Милева

Кулинарското шоу „Брза кујна“ има „нов“ тим (фото)

Кулинарското шоу „Брза кујна“ има „нов“ тим (фото)

Кулинарското шоу „Брза кујна“ имаме прилика да го гледаме секој работен ден на Сител телевизија заедно со водителката Александра Илиевска и готвачите кои  за 20 минути приготвуваат разни јадења.

Имено, на почетокот на 5тата сезона на „Брза кујна“ на барање на гледачите беа воведени некои промени. Така, освен готвачите Марк де Јонг и Никола Мишковски, тимот на Кулинарското шоу се прошири со уште два нови готвачи Филип Поповски и Бобан Симоновски.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/mark-i-nikola-smeneti-od-brza-kujna-ova-se-novite-shefovi-vo-popularnoto-kulinarsko-shou-foto/

Тогаш, Филип преку својот „Фејсбук“ откри дека заедно со Бобан во „Брза кујна“ ќе ги има една седмица во месецот, па така тимовите се менуваа односно готвеа Марк и Никола, па Бобан и Филип.

фото: фејсбук

Меѓутоа, деновиве изгледа повторно дојде до промени и „Брза кујна“ има „нов“ тим. Поточно, водителката Александра на социјалните мрежи објави фотографија од шеф Марк и шеф Бобан, а во описот на истата напиша:

„Во „Брза кујна“ има „нов“ тим…Најдобрата и секогаш квалитетна програма на Сител телевизија за нашите гледачи. И оваа 5та сезона да бидеме ваш апсолутен фаворит на малите екрани“, напиша водителката, а дали мислеше на тоа дека Бобан  и Марк се погодија да готват заедно  и ќе се менуваат со колегите, или пак тие ќе бидат единствениот тим на кулинарското шоу, не знаеме.

фото: фејсбук

Дали Марк и Бобан ќе бидат единствените готвачи, или пак ќе се менуваат со Никола и Филип останува да видиме.

To top