Куќната помошничка на Драгана Мирковиќ го откри вистинското луце на пејачката и што се случува зад затворени врати.
Драгана Мирковиќ важи за голема ѕвезда, човек и пријател. За Мирковиќ може да се слушнат само пофални зборови, а многу нејзини колеги тврдат дека таа им помогнала кога било најтешко.
Куќната помошничка сега одлучи да проговори и да открие каква е Драгана Мирковиќ.
„Драгана ја познавам цел живот и тврдам дека парите не ја удрија во глава. И покрај се што има таа остана нормална и стабилна. Јас на Драгана и Тони им служев со години, понекогаш ги чував децата кога беа мали, а Драгана настапуваше. Бараше максимална хигиена, а тоа се подразбира. Многу ми помогна во животот, не водеше мене и семејството на летување, на зимување, на мојот син му купи автомобил“ изјави таа и додаде:
„Бев задолжена за кујната. Гравот е омилено јадење на Гага. Беше добра газдарица, а уште и подобра домаќинка. Тоа е посебна жена“.
Куќната помошника проговори и за односот меѓу Драгана и нејзиниот сопруг Тони.
„И Тони е прекрасен, имаат совршен брак, внимаваат еден на друг“, вели Бранка Стојановиќ за „Свет“.
Потсетуваме, Драгана и Тони од бракот имаат две деца, синот Марко и ќерката Мануела.