Таа е дама која инспирацијата ја црпи од сопстениот живот и секојдневие и на тој начин ги создава своите романи. Борбеноста и е заштитен знак, искреноста е таа којашто ја води низ животот, а нејзините испишани зборови со сигурност ќе врежат меморијата на оние со нагласен сензибилитет.
Писателката Ксенија Николова го збогати новото издание на естрадниот магазин Бекстејџ, зборувајќи за една од најважните но и на чувствителните животни теми, како што е мајчинството.
Ксенија во „магазинот од зад сцената“ отворено проговори за тешкиот период низ којшто моментално минува, а со разговорот веруваме дека ќе ги охрабриме сите оние кои се борат да станат родители.