Една од најпопуларните пејачки, Лепа Брена со децении има плодна музичка кариера, а ретко кој знае дека и нејзиниот брат е пејач.
Имено, со музика се занимава и братот на Брена, Фарук Јахиќ, а јавноста имаше можност да го погледне во музичкото натпреварување „Никогаш не е доцна“. Освен што пее, Фраук брилијантно свири и на хармоника.
– Мојот брат Фарук Јахиќ како учесник – напиша таа под фотографијата, а многумина коментираа дека многу личат.
Брена и нејзиниот брат тогаш заедно пееја на сцената на споменатото шоу, а со тоа ги воодушевија сите. Пејачката еднаш проговори за своето воспитување и истакна дека пред неа во музичкиот свет влегле нејзиниот брат и сестра.
Фото: Принтскрин/Андреа Дамнјановиќ/Инстаграм