Бањата е едно од омилените места на Лила Филиповска каде што обожава да позира, независно дали е дома или во некоја од хотелските соби каде е чест гостин.
Во када, до када, запенета, на светло или во мрак, Лила има безброј вакви фотографии кои го пополнуваат нејзиниот ултра популарен профил на Инстаграм.
Додуша, повеќето од настанатите фотогфравии имаат за цел промоција на одредени производи кои таа ги рекламира, но во секој случај, бањата е едно од најчестите места каде се фотографира.
Не за џабе рекле дека „крушата под круша паѓа“, па така и синот на водителката.
Имено, Филип можеби не е толку активен на социјалните мрежи како мама, но затоа реши да ги изненади своите следбеници по примерот на неговата сакана мамичка.
И тој се фотографираше гол и запенет во када.
За „фраерлукот“ да биде поголем, тој ги стави и очилата за сонце и покажа дека и е вешт „позер“, а иако фотографијата не е професионална како оние на мама, и тој собра голем број лајкови и коментари, меѓу кои се уште не се нашол и оној на Лила за оваа несекојдневна објава на синчето.