Промотер

Крсте Роџевски со „Бубамара“ во „Бикини Мун“ на Милчо Манчевски (ВИДЕО)

Крсте Роџевски со „Бубамара“ во „Бикини Мун“ на Милчо Манчевски (ВИДЕО)

Песната „Ladybug“ (Бубамара), која се најде на вториот албум на Крсте Роџевски, е дел и од саундтракот на новиот филм на Милчо Манчевски, „Бикини Мун“, а деновиве си го доби и своето официјално видео. Станува збор за избор на сцени од самиот филм, кој ги монтираше Доријан Миловановиќ, а како изгледа и звучи сето тоа можете да видите и слушнете подолу.

Како што веќе спомнавме, песната е сместена на второто студиско издание на Роџевски насловено „Bitter Almonds“, а битолскиот музичар и психијатар со адреса во Њујорк веќе го привршува и неговиот наследник, воедно трет и последен дел од трилогијата „Апоптоза“, чиј наслов ќе гласи „The Rabbit and The Fallen Sycamore“.

Во циклусот на создавање песни за трилогијата, тој креира сложена лична митологија кадешто во главната улога се појавуваат туѓинци, љубовници и легендарни ликови од балканската и византиската историја како и од преданијата, поврзани околу темите: љубов, загуба, секс и смрт.

 

To top