Мегафон

„Кросроуд блуз бенд“ ќе одбележи 25 години постоење со концерт во скопскиот клуб „Маракана“

„Кросроуд блуз бенд“ ќе одбележи 25 години постоење со концерт во скопскиот клуб „Маракана“

Една од најстарите домашни блуз групи „Кросроуд блуз бенд“ ќе одбележи 25 години постоење со концерт во скопскиот клуб „Маракана“ на 7 декември. Настанот е своевидно продолжение на годинашната програма на Котон блуз фестивал.

Организаторите велат дека концертот не е замислен како директна посвета на покојниот фронтмен Александар Дворчанец, попознат како Сале Блузмен, кој почина пред четири години, туку ќе се слави севкупната историја на групата, која има објавено три албуми.

На останатите членови на групата на сцената ќе им се придружат и гости, при што се најавени Сашо Гигов-Гиш, Гуру Харе и Петар Ренџов. Влезот ќе биде слободен.

To top