Радио Милева
сега тој е најважен...

Кристина Поптрпева на прошетка со синчето: Малечкиот наследник наполни еден месец (ФОТО)

Кристина Поптрпева на прошетка со синчето: Малечкиот наследник наполни еден месец (ФОТО)

Македонската манекенка, мисица, модел и пејачка Кристина Поптрпева која неодамна стана мајка, сподели фотографија од нејзиното синче Илин, кое викендов (05.02.2022) го наполни првиот  месец од својот живот.

Среќната мајка го искористи убавото време, за во бебешката количка да го прошета малечкото на сонцето, кое иако „со заби“, сепак беше доволен предизвик да се излезе на прошетка во околниот парк.

Фотографијата осамна на приказните од нејзиниот Инстаграм профил, на кој претходно Кристина сподели 4 пози од нејзиниот малечок наследник, среќен, весел и насмеан, облечен во бебешка облека налик на слатка малечка  панда, што го направи впечатокот уште помил и поубав.

Инаку ова не се први фотографии од малечкиот Илин, како што му дадоа име име манекенкенката и нејзиниот сопруг на својот наследник. Иако многумина не сакаат јавно да споделуваат фотографии од своите новороденчиња, па дури и од поодраснатите дечиња, Кристина очигледно нема такви предрасуди.

Таа тоа го направи уште веднаш штом бебето дојде на свет, споделувајќи фотографија уште од болничката соба со тукушто роденото чедо во приватната акушерска клиника, во која таа се породи…

…Како и некој ден подоцна, при заминувањето на мајката и малечкиот од породилиштето дома.

Фото: Инстаграм принтскрин/kristinapoptrpeva

 

Останати вести од Радио Милева