Атрактивна, згодна, сексапилна, привлечна, пожелна… со природни бујни атрибути, ги мами погледите на сите оние кои ќе се најдат во нејзина близина, без оглед дали чекори на модните писти, дефилира на изборите за убавина или пее на настапите заедно со ДЈ Ерик Фокс, каде зад микрофонот ја замени Симона Поповска.
Вака отприлика прв пат ја претставивме бујната македонската убавица Кристина Поптрпева која е една од најнадарените и најперспективни македонски модели, манекенки и мисици, а воедно и естрадна уметница.
Во меѓувреме Кристина е сепоприсутна како на социјалните мрежи каде постојано споделува свои фотографии, така и во медиумите, особено на интернет порталите, каде се повеќе се споменува нејзиното име и се објавуваат фотографии од нејзините модни или еротски едиторијали.
Летово македонската убавица го искористи еден таков да направи и во Охрид, каде Поптрепева позираше во македонското Сент Тропе. Во вода или на суво сеедно, Кристина покажа дека е „риба и пол“, која со својот природен телесен раскош ја разубави ионака преубавата охридска природа и ја вжешти водата во езерото кај Трпејца.
Еден поглед однапред на скопската убавица со езерото во позадина и веднаш ќе го засакаш, зашто Охрид ти станува некако помил и подраг…
За погледот од задна перспектива и да не зборуваме… Просто нема да го одвоите од нејзиното… срценце! Она што го направила со рацете, свртена со грб кон објективот!
Она што пак, нема да ве одлепи од екранот е најновиот моден еротски едиторијал на убавицата, направен во една скопска катна гаража, за рекламни цели на долна облека…
Зашто Кристина најдобро знае како во нив треба да изгледа, како да ги носи и како да ги прошета… И секси парчињата градници и килоти и она што е сместено во нив!
Погледнете го видеото и уживајте „за сите пари“, иако гледањето е гратис: