Радио Милева убавици во фокусот

Кристина и Ивана, нашите убавици од „Мис Глоуб 2019: Русокоса и бринета, два света – една желба, да се биде Мис или… „кучка“!

Кристина и Ивана, нашите убавици од „Мис Глоуб 2019: Русокоса и бринета, два света – една желба, да се биде Мис или… „кучка“!

На тукушто завршениот избор за убавина во Црна Гора, „Мис Глоуб 2019“ учество земаа неколку Македонки. Само една од сите нив ја претставуваше Македонија, додека другите парадираа на пистата под знамињата на земјите од соседството и регионот… Бугарија, Србија и Словенија.

Само една од сите наши убавици и се закити со награда – „Мис Фотогеничност“, но тие две се издвоија од останатите.

Онаа која ја претставуваше Македонија – Кристина Димитриевска и нашата убавица под бугарското знаме, Ивана Димитрова.

Едната русокоса, другата бринета… Кумановката и штипјанката, беа речиси неразделни за време на целиот престој, додека траеа подготовките во изминатите три седмици.

Обете згодни, атрактивни сексапилни… Кумановката Кристина јавноста подобро ја запозна како сопруга на Даниел Кајмаковски, чиј Х-фактор не беше доволена за брачната среќа да потрае.

Околу Кристина се крена голема медиумска прашина откако неодамна обзанија дека повеќе не се заедно со пејачот чије лице звучи познато, па затоа и самата реши нејзиното да завучи уште попознато…

Пропеа и му се врати на моделството, манекенството и изборите за мис…

Штипјанката Ивана има претходно искуство како модел и манекенка. Сликања, позирања, реклами…

Топлес фотосесии, со кои ја креваше температурата и адреналинот, а и тетсостеронот на машката публика,  додека со подзината уста и ококорени очи уште пред 4-5 години погледите шараа по нејзините голи фотографии.

Потоа штипјанката долго ја немаше за сега да и проработи желбата одново да ја има, па Ивана ја зграпчи првата укажана прилика за камбек на пистата.

Кристина и Ивана како да се прпознаа себе си една во друга, иако различни, најдоа заеднички допирни точки во сличностите кои ги врзуваат, па беа речиси неразделни.

Особено во слободните мигови… Опуштени крај базенот, разголени на плажа, најчесто заедно… Но, понекогаш и соло!

Во двојка или соло, во секоја прилика – истата опсесија: Да се направи добра фотосесија!

А на нив не знаеш која од која е посекси. Долги нозе, вито тело, полни усни, крупни очи, истакнати телесни атрибути…

И однапред и одзади, обете доволно расни, раскошни и пожелни… Обете со иста цел: Да се биде позната, барана, ценета, привлечна, секси…

Русокоса и бринета – два света, една желба:  Да се биде Мис или… „кучка“! Или како што самата Ивана споделила цитат:

„За мене кучки се оние, кои приоритет си даваат себеси. Од сосема обични до одлуки што го менуваат животот, тие се грижат за себе повеќе од било кој друг. Лошите кучки не бараат одобрување и потврда од другите. Тие се фокусираат само на себе. Не знам за тебе, но звучи како добар живот за мене“!

 

 

 

 

To top