Јавноста најпрвин ја запозна како манекенка, мисица, модел… Но, сепак најповеќе стана позната откако набрзина му стана девојка, па речиси „преку ноќ“ и жена на тогаш многу популарното момче со „Х фактор“, македонскиот пејач Даниел Кајмакоски. Сепак, љубовта и бракот не траеа долго, па како естрадна бомба одекна веста дека таа и Даниел не с повеќе заедно. Од нивната куса љубовна идила остана неуспешниот брак и нивното синче Давид.
Кристина Димитриевска одново како феникс изникна во јавноста, овој пат појавувајќи се како фитнес инструкторка, но и како дама која ќе се обиде да му стане директна конкуренција на својот, тогаш веќе бивш сопруг, па реши да се проба и како пејачка.
Нејзиното име почна секојдневно да го има по медиумите, нејзините фотографии ги преплавија социјалните мрежи, а русокосата тетовка тргна соло. Одново како мисица по регионалните и светските избори за мис, но и како пејачка која со една, па друга песна… тргна да го освојува „директ драјв“ Белград и регионот, кои очигледно како и на Даниел, се нејзина цел.
Секси пози на фотосесиите, фотографиите, видеоспотовите, сите атрибути на виделина, за не само со глас, која патем и не и е најсилното оружје, туку и со стас да се освои публиката, измамат машките воздишки, разбранува бујната фантазија на фановите, особено на оние од посилниот пол…
Но, зад сета таа „естрадна фасада“ стои и нечија, во случајов, нејзината душа… Кристина е не само лице од насловна, модел од реклама, мисица од модната писта, девојката од спотот…
За прв пат во јавноста ја слушнавме како размислува како разведена жена и мајка на малолетно детенце, откако Кристина Димитриевски си ја отвори душата и пред камерата на естрадниот магазин Бекстејџ ги раскажа причините за разводот со Даниел.
Додаде дека и понатаму се пријатели и дека не се мразат. Во контакт се најмногу поради нивното заедничко дете, на кое наскоро заедно ќе му го слават и третиот роденден. Деновиве пак, на големо се зборува дека нашла нова љубов, е во тазе врска и има момче. Колку вистина има во сето ова проследете во продолжение: