Радио Милева за секоја музика има публика

Кристина Димитриевска – жешка и разголена во секоја прилика: Еротика за по дома, во садо-мазо латекс, како секс бомба за на сцена (ФОТО)

Кристина Димитриевска – жешка и разголена во секоја прилика: Еротика за по дома, во садо-мазо латекс, како секс бомба за на сцена (ФОТО)

На македонската мисица, модел, пејачка… Кристина Димитриевска разголувањето и стана навика, позирањето редовна рекламно- инфлуенсерска тезга, музиката полека и преоѓа од хоби во професија или барем добра забава од која по нешто и се заработува, а сето тоа секојдневно прави да ја има во јавноста, што полека  но сигурно и ја зголемува популарноста.

Откако ја најде вистинската шема, сцената и се погоди, па варијантата на заеднички настапи со одредени ДЈ-и и помалку или повеќе познати македонски (т)рап артисти е нејзиниот викенд рецепт за појавување пред публика.

Секој пат од нејзиното деби до сега, Кристина Димитри(евска) подеднакво атрактивна и провокативна, сексапилна, порочна и пожелна… Впрочем како и на објавите кои како загревање за викенд настапите ги споделува на својот Инстаграм… белким од по дома?!

Жешка и разголена во секоја прилика, тетовската убавица во еротска долна облека за по дома, во садо-мазо латекс, како секс бомба…. за на сцена.

Седната на барско столче или фотелја, со прекрстени нозе, како секси домаќинка подготвена за прва утринска тура… фискултура пред пиење кафе!

За да можеш да ја превртиш… Шолјата се разбира, за сексапилната домаќинка потоа, да може да ти гледа!

Аутфитот за на сцена секогаш малку поразличен, иако еднакво предизвикувачки и провокативен. Во случајов црвени чизми со високи потпетици над коленици, црвено латекс садо-мазо боди со патент на раскопчување однапред и полутанга одназад, доволно длабоко врежана во извајаната обла задница и црвено капче на главата на тетовската убавица.

Привлечна и атрактивна, секси до болка, прововокативна до коска, Кристина Димитри на сцената со микрофонот в рака ги остави  со падната вилица и подзината уста мочињата во локалот што дошле да ја видат…

И имаа што да видат, а музиката…? Кој слушнал, слушнал, ако некој после таквата глетка се’ уште може а собере душа да ја слуша?!

Како и да е македонската мисица се повеќе станува пејачка, чија музика до душа повеќе се „слуша со очи“, ама што ако…

 

Впрочем за секоја музика има публика, ако имаш изглед од кој мажите не симнуваат поглед!

Фото: Инстаграм принтскрин/kristina.dimitry

To top