Поп-пејачот Даниел Кајмакоски, победник на првата сезона на шоуто на таленти „Х – Фактор Адриа“ и евровизиски претставник во 2015 година во Виена, неодамна обзнани дека по разводот со првата сопруга, македонската мисица, модел и сега пејачка Кристина Димитриевска, по втор пат се венчал, сега со неговата сакана, чие име не го открива, а засега не е познато дали двојката направила и свадбаили некаков друг вид помала семејна веселба.
Со објава на Инстаграм стори, Даниел Кајмакоски сподели дека стапил во брак со неговата сакана. Тој ги сподели првите заеднички фотографии со неа во септември минатата година. Околу еден месец подоцна, тој сподели уште една објава, а во описот истакна: „Ти си сè она што некогаш сум го барал“.
За потсетување поп пејачот во 2019 по три години брак се разведе од манекенката Кристина Димитриевска со кого го имаат синот Давид кој остана да живее со мајка му, која како што самата вели, целосно самата се грижи за свето дете.
Кајмакоски, во 2016, победи и во третата сезона на познатото балканско шоу „Твое лице звучи познато“. Инаку пејачот кој е родум од струшко Мислешево, поголемиот дел од детството и младоста со родителите живеел во автсриската престолнина, Виена.
Најгледаниот естраден ТВ магазин “Бекстејџ„ реши да ја праша Кристина со цел ги дознае одговорите за кои таа долго молчеше, а се врзани со Кајмаковски.
Што изјави на оваа тема мисицата, модел и пејачка, проследете во продолжение од видеото (КЛИКНИ ТУКА):