Во 10-та сеозна на емисиајта „Живот со стил“ на ТВ водителката Елена Стефановска, секоја недела во жири гостуваат познати пејачи,стилисти,дизајнери,водители… кои го оценуваат модниот избор на две учеснички.
Во најновото издание за првпат во жирито седна балканската мисица со тетовска адреса, Кристина Димитриевска.
View this post on Instagram
Доколу се оценува нечија модна комбинација, тогаш и самиот треба да бидеш за пример, а Кристина квалитетно се потрудила околу тоа. Имено, таа се појави во секси и женствено издание од црно – бел топ, споен со тесно црно здолниште кое ја истакна нејзината одлична фигура.
Комбинацијата беше заокружена со мантил исто така во црн-бел принт и високи потпетици, а посебен детаљ беа впечатливите очила за сонце.

Кристина и Елена се фотографираа за спомен пред трговскиот центар, а фотографијата се најде на Инстраграм.
Какви ќе бидат модните коментари на убавата мисица и кој ќе биде нејзиниот фаворит од кандидатките кои ќе се натпреваруваат, останува да видиме.