Радио Милева

Кристина Димитриевска по долго време сподели приватен момент и покажа како ужива со синот (фото)

Кристина Димитриевска по долго време сподели приватен момент и покажа како ужива со синот (фото)
фото: принтскрин/инстаграм

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски претходната година се разведе од неговата сопруга, моделот и фитнес инструкторот Кристина Димитриевска.

Од бракот тие го имаат синот Давид, а по разводот останаа во добри односи поради нивниот син.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/kristina-dimitrievski-si-ja-otvori-dushata-so-daniel-ne-se-mrazima-pochnavme-i-zavrshivme-kako-prijateli-video/

Отогаш, секој си тргна по свој пат, па Кајмакоски се пресели во Србија каде продолжи да ја гради својата музичка кариера.

Имено, тој учествуваше во регионалното музичко шоу „Твоето лице ми звучи познато“ каде што ја однесе и победата.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/daniel-kajmakoski-so-ulogata-na-sem-smit-ja-odnese-pobedata-vo-polufinaleto-na-tvoeto-lice-zvuchi-poznato/

Од друга страна, Кристина му се врати на манекенството и победи на Мис Балкан, а се обиде и како пејачка, снимајќи две песни: една на македонски една на српски.

Кристина продолжува да ниже успеси на професионален план. Па така неодамна беше прогласена за првата Мис на карантин во светот, а сега  стана заштитно лице на производите на Кевин Леврон за Македонија.

фото: принтскрин/инстаграм

Меѓутоа, Димитриевска ужива и во онаа поубава страна на животот, односно ужива во улогата на мајка, па како што истакна неодамна во едно интервју, секој слободен момент го користи да го помине со својот син за кој истакна дека уште сега покажува некои  таленти.

Па така, деновиве моделот и фитнес инструкторот го искористи своето слободно време за да ужива  во својот наследник односно со Давид.

фото: принтскрин/инстаграм

Иако на својот „Инстаграм“ најчесто споделува фотографии од својот професионален живот, овој пат направи исклучок и сподели еден приватен момент.

Имено, Кристина и синчето заминаа на езеро, а мама го учеше својот наследник да плива.

„Некој  учеше да плива“, напиша таа во описот на заедничката фотографија.

фото: принтскрин/инстаграм

Потсетуваме, оваа година синот на Даниел и Кристина наполни 3 години.

Останати вести од Радио Милева