Радио Милева Крај на дилемата

Кристина Димитриевска откри дали ќе влезе во „Задруга 6“ (фото)

Кристина Димитриевска откри дали ќе влезе во „Задруга 6“ (фото)

Позната Македонка, мисицата и пејачка Кристина Димитриевска уште од минатата сезона на реалното шоу „Задруга“ се споменуваше како можна учесничка, а ист е случајот и сега со стартот на 6-тата сезона на популарното регионално реално шоу.

За да ги реши дилемите, Кристина на својот Инстаграм одговараше на прашања од следбениците, меѓу кои некои беа и за тоа дали ќе влезе во „Задруга 6“ на што таа имаше дециден став:

-Не можам, ќе ми фали оваа љубов, мислеше на публиката пред која настапува.

Инаку, Кристина периодов има полна агенда настапи низ ноќните клубови во земјава, а потврди дека токму таа забава и секако заработка и се приоритет, па не се мисли да оди во Србија и да биде 24/7 пред камери.

Што се однесува за други имиња од Македонија кои ќе бидат дел од шоуто, засега објавени на Инстаграм профилот на „Задруга“ е само пејачот Адам Лабунски кој е позант по учеството во „Ѕвездите на Гранд“ и „Пинк ѕвезди“.

View this post on Instagram

 

A post shared by 💫zadruga 6💫 (@zadruga._6)

Дел од учеснците во „Задруга 6“ е и македонската (т)раперка Дијана Дурлевиќ, попозната под уметничкото име  Дијана – “Оу-Џи“.

 

Се поменуваше и влезот на кошаркарот од Скопје, Милорад Миновски – Мичо, кој изјави дека веќе потпишал договор, но веројатно како и претходните сезони, така и сега, нови учесници ќе има и подоцна.

„Потпишав договор, а од поранешните задругари ги познавам Спејко и Моника Јовановска од минатата сезона“, изјави неодамна тој.

Што ќе се случва и кои други македонски претставници ќе се појават во „Задруга 6“, останува да видиме…

фото:Instagram

To top