Радио Милева

Кристина Димитри (с)облечена како Карлеуша: Со жешките пози и расните атрибути што природата и ги дала, тетовската убавица налик на „белградската мала од скандала“ (ВИДЕО)

Кристина Димитри (с)облечена како Карлеуша: Со жешките пози и расните атрибути што природата и ги дала, тетовската убавица налик на „белградската мала од скандала“ (ВИДЕО)

Кристина Димитри(евска) по долгата пауза се врати на сцената. Постот со настапите е прекинат, а и “дисхармонијата“ во комуникацијата со стариот соработник ДЈ Боно е одново совршено синхронизирана, така што гостиварчани имаа први прилика да ги видат во нивниот град во еден познат ноќен локал.

Како и секогаш кога настапува, Кристина и овој пат не ја заобиколи атрактивноста во својот имиџ. Естрадниот настап на сцената е посебна прилика која бара посебен аутфит и тоа не било каков. Секогаш различен, модерен, провокативен и предизвикувачки, за да да ги разбуди сите сетила на нејзината публика, особено онаа од посилниот пол иако времињата се такви што на разголените пејачки се’ повеќе „се палат“ и дами!

Атрактивната тетовка своето враќање на сцената го одбележа со  специјална гардероба за првиот од  јавните настапи на кои „само за нивните очи“ со својот пејачко,  танчерско-еротски пеформанс од кој  „срцето може да ви искочи“, сексапилната убавица ги забавуваше викендов присутните гостиварци.

Како што е редот или поточно, како што секогаш тоа го практикува, Кристина и овој пат во внимателно одбраната гардероба за настап, претходно се сликала, за да ја најави возбудата и подгрее атмосферата. Провиден мрежест црн комбинезон, златни ракавици до надлактици, златни чевли со високи потпетици, златни скај чорапи до надколеници и  златна танга секако… Но, за возбудата да биде пуштена на најјако, се погрижила самата пејачка, надградувајќи го својот секси аутфит со неколку уште попредизвикувачки пози.

Овој пат Кристина Димитри (с)облечена како Карлеуша… Иако можеби модните парчиња не и се скапо брендирани како кај српската поп-фолк дива која се облекува како од модните книги и нашата убавица предизвикува доволна возбуда од која ќе ви потечет лиги!  Со жешките пози и расните атрибути што природата и ги дала, нашата пејачка е налик на „белградската мала од скандала“…

Особено возбудливи кадрите одназад, каде доминираат широката карлица и големата овално – извајана задница на тетовската убавица!

Така што сеедно дали сте еден од оние вистински мажи или „модерните дами“ со „поинаква определба“,  погледот ви се фокусира на „кадарот наречен желба“!

Фото: Инстаграм принтскрин/kristina.dimitry

To top