По подолга музичка пауза, во петок, на 28 април 2023 година во етерот е пуштена новата песна на македонската поп пејачка Кристина Арнаудова, насловена „Засекогаш”.
Музиката и текстот на оваа најнова песна на неготинчанката со скопска адреса на живеење се на нејзината стара соработничка Весна Малинова, додека пак, аранжманот и продукцијата ги потпишува проверениот студиски лисец, Роберт Билбилов.
„Другари, еве ја за вас, и за мене, Засекогаш… Се надевам дека ќе ви се допадне барем половина од она колку што мене ми се допаѓа.
Со оглед на тоа дека немам веќе ФБ пејџ, промоцијата ќе оди потешко. Па така секој ваш шер, ќе биде добредојден, како поддршка на Засекогаш, и на македонската музика“ – напишала Арнаудова во своето Фејсбук обраќање до своите следбеници, кои претходно ги информираше:
„Конечно, целата моја музика, на сите дигитални платформи. Ако сакате да сум искрена, од кога ја создадов престана да ме интересира да ме има како артист, пеачка, музичар…и сакав тоа да го оставам позади мене, и сосема да се посветам на хуманитарната работа, и децата на кои им требаме. Годинава сфатив дека музиката е голем дел од мене, и не можам да ја отфрлам како да не постои. Затоа ете, дури сега ме има на дигиталните платформи. И затоа и таму ќе ја чуете „Засекогаш“ – порача Кристина.
Во промотивни цели, исто така е изработена и фотосесија, со фотографот Стефан Соколовски попознат како Bad Stef, чиј дел можете да ја најдете на нејзиниот Инстаграм профил.
View this post on Instagram
Инаку песната е исто така визуелизирана и со видеоспот за кој како и многупати досега, бил задолжен Александар Ристовски – Принц.
Како звучи и изгледа новата песна на Кристина Арнаудова насловена „Засекогаш“, проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):