Познатата пејачка која е свршена со Метју Рутлер проговори за голем број незгодни теми, а во таа прилика објасни дека и е многу важно да може да ја истражува сексуалната слобода со својот партнер.
Кристина Агилера се појави во една епизода од подкастот „Call Her Daddy“ каде отворено зборуваше за својот сексуален живот. Пејачката открила дека имала секс во авионот за време на летот, и тоа, како што вели, под покривачот, но и во музичкото студио потпрена на звучната табла.
Агилера, која е свршена со гитаристот Метју Рутлер, објаснила дека сака орален секс, и дека и е многу важно да има партнер со кој ќе може да ја истражува сексуалната слобода.
– Сексуалноста е многу специфична работа, што некому може да му се допадне, на друг не, а интимноста има различни нивоа – рече таа пред да се потсети на губењето на невиноста.
– Смешно е што во јавноста се создаде таква слика за мене, а всушност доста доцна ја изгубив невиноста. Тоа се случи подоцна отколку што мислите – накратко спомна таа.
Бидејќи како пејачка многу патувала, вели дека немала време да излегува со други познати личности.
Агилера и Рутлер се во врска од 2009 година, кога се запознаа на снимањето на филмот „Бурлеска“, во кој глумеше талентираната ѕвезда.
View this post on Instagram
– Метју е посебна личност. Многу се зближивме на снимањето на филмот. Тој е таков човек со кој можете да поминете часови на телефон разговарајќи и одеднаш да сфатите дека веќе е ден – изјавила таа за магазинот „Пипл“ во 2010 година.
– Кога поднесов барање за развод (од Џордан Бретман) почнав да излегувам со Метју. Не скокам во ништо. Само што го напуштив бракот од пет години. Одам бавно и се обидувам да бидам среќна. Има љубов, се забавувам, излегувам, а тоа е нешто што одамна го немам – објаснила таа тогаш.
Агилера ја има ќерката Самер Ријн Рутлер со Рутлер и синот Макс со поранешниот сопруг Џордан Бретман.
фото:Инстаграм принтскрин