Радио Милева шокантно признание

Кристијан Голубовиќ по излегувањето од затвор откри долго чувана тајна: Во 2004-та, Ксенија Пајчин беше кај мене во станот, се забавувавме, но… (ФОТО)

Кристијан Голубовиќ по излегувањето од затвор откри долго чувана тајна: Во 2004-та, Ксенија Пајчин беше кај мене во станот, се забавувавме, но… (ФОТО)

Кристијан Голубовиќ зборуваше за жената што некогаш ја сакал и никој не можеше да поверува во неговите зборови, кога кажа за кого се работи.

Голубовиќ откако излезе од затвор откри многу работи за себе, а една од нив беше и таа што тој „се забавувал“ со покојната пејачка Ксенија Пајчин!?

„Онака, класично не беев запален, но ми се допаѓаа одредени познати жени и да… јас бев со некои од нив. Ќе кажам за една која беше неприкосновена, сега некои си ја присвојуваат, а некои ја заборавија. Се работи за Ксенија Пајчин. Се забавувавме, но само се забавувавме, без бакнежи… не стигна ништо да се случи! Јас ова не го споменував никому досега“ – рече Голубовиќ во шоуто кај Огњен Амиџиќ, додавајќи:

„Таа беше во мојот стан во 2004 година. Одевме по кафулиња, се возевме со бесни автомобили и сите зборуваа за тоа. Тоа беше силна хемија. Со сопругата ми исчезнуваа емоциите и… ете, се случи трагедијата. Жал ми е за неа!“ – раскажа Голубовиќ.

To top