Радио Милева ги шокираше гледачите на „Задруга 4“

Кристијан Голубовиќ евоцираше спомени од криминалното минато: „Бев сведок на 300 убиства, еден го избодев со нож, им ковав клинци под ноктите, им кршев коски со чекан…“

Кристијан Голубовиќ евоцираше спомени од криминалното минато: „Бев сведок на 300 убиства, еден го избодев со нож, им ковав клинци под ноктите, им кршев коски со чекан…“

Кристијан Голубовиќ ги шокираше гледачите на „Задруга 4“, признавајќи дека мачел луѓе во младоста ковајќи им клинци под ноктите!

„Имав подрум што дедо ми ми  го остави. Таму носев пропаднати наркомани кои ми се закануваа“ – вели некогашното жестоко момче од белградскиот асфалт, кој бил затворан заради дрога, а потоа детално раскажа како злоставувал еден човек:


„Го врзав, седуммина од нас  го опкруживме и го малтретиравме. Тој мораше да врши и мала и голема нужда така врзан! Земав клинец, па му го заковав под ноктот и го оставив така десет часа за  малку да се опамети! Знам дека не е убаво, но беше такво време и правевме сè.

Голубовиќ не застанал тука, туку исто така се пофалил дека им ги кршел коските со чекан на оние што ќе му се спротиставеле.

„Бев сведок на 300 убиства, прободев еден човек. Оние што се обидоа да ме удрат ги тепав што повеќе! Се сеќавам како удрив еден, па со чекан и му ги кршев коските! Правив сè и се’што во мојот живот. Се случуваше и мене да ме малтретираат, но тоа беа поретки ситуации. На еден еден човек му плеснав само една шлаканица, а тој дојде следниот ден и ме застрела со 20 куршуми! Преживеав, но, следниот пат  требаше добро да размислам дали пак да го плеснам или да му пукам во колената? Знаев што ќе ме чека, ако го удрам. Така е со мене – кој ќе ме задева, мора да биде свесен дека ќе сноси последици“ – порача Кристијан.


Голубовиќ исто така им раскажа на своите цимери во реалното шоу уште еден инцидент од неговата младост:

„Бев речиси дете, ја испраќав девојката дома со автобус, седевме сосема одзади. Имаше и една баба, која не гледаше како се бакнуваме. Се лигавевме, не понесе… Еден човек влезе во автобусот и седна спроти нас. Во еден момент ми се причини дека си врти со палците, но кога подобро го загледав, тој ја извадил онаа работа и бесрамно она*ира! И реков на девојката: „Сврти ја главата и оди кај возачот“. Станав, ја зграпчив шипката со двете раце, направив полукруг и го шутнав со двете нозе! Излета низ скршениот прозорец. Тргнав по него, ама… задникот ми заглави во прозорецот. Беше хаос!“ – раскажа Кристијан.

To top