Кристијан Кристи Петров е младо момче, трапер од Радовиш по потекло, чие место на живеење е Словенија. Нов артист на македонската сцена кој само што почнува да го завзема своето место под естрадното и клубско небо, покажувајќи што знае, умее и може… И тоа со две песни во едно, одеднаш, насловени „Проблем“ и „Име“.
За текстот бил задолжен Тракер, веке познат на македонската сцена, миксот и мастерот ги потпишува исто така веќе проверениот Иван Јованов – Ивајо.
Се работи за две песни споени во едно што е актуелно во моментов.„Го избрав тимот на Urban Records. За видеото е доволно да само да го погледнат…
Инаку следната недела снимам нов freestyle во студио кај Тракер кој може да го очекувате следниот период. Како што веќе кажав, само што почнувам да покажувам и да се докажувам, ова е само старт“ – вели младиот Кристи.
Во очекување на многу новитети и освежување од него на македонската сцена, уживајте во неговото дебитантско „две во едно“ – „Проблем“ и „Име“ визуелизирани од Гордан Божиновски, Били Д, Илија Павлов и Никола Наумовски.