Фотографот Артур Еванс во едно интервју откри непозната ситуација од приватниот живот на принцезата Дајана и принцот Чарлс.
Тој откри дека на нивната последна турнеја во Јужна Кореја во 1992 година му било јасно дека разводот е неизбежен.
„Кога бевме во Кореја, на последната турнеја, знаев дека меѓу нив е готово бидејќи не можеа да се поднесуваат во друштво еден на друг. Беше многу бедно“ изјави кралскот фотограф за „Yahoo“.
Тој истакна дека никој не бил изненаден кога по еден месец објавиле дека се разведуваат.
„Во Кореја пристигнаа со упатство да се однесуваат како заљубен пар. Наместо тоа, тие потполно се игнорираа,не се ни погледнаа. Немаше никаков физички контакт меѓу нив. Изгледаа како двајца странци“ пишува Џејм Витакер.
Принцезата Дајана и принцот Чарлс на турнеја биле во ноември 1922 година, а објавиле дека се разведуваат на 9 декември истата година.